„Книжевeн жезол“ за Радован П. Цветковски и Ариан Лека

knizeven-zezol.jpg

Друштвото на писатели на Македонија ја организира традиционалната меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“ посветена на славењето на поетското творештво на домашните и странските поети.

Годинашни добитници на престижното признание „Книжевeн жезол“ се Радован П. Цветковски и албанскиот поет Ариан Лека. Врачувањето на жезолот е закажано за 5 јуни (среда) во 11 часот во Друштвото на писателите на Македонија. На свеченоста за творештвото на Цветковски ќе говори Милица Димитријовска-Радевска, а за Лека реч ќе одржи акад. Луан Старова. Манифестацијата продолжува во 12 часот на платото пред црквата Св. Спас (Пивница Стар град) со поетско читање на 30-ина поети.

Покровители на манифестацијата се Министерството за култура и Град Скопје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top