Книжевна средба со Сара Жислер во Битола

23196a61cc4fd896046807128a744899_w790.jpg

Француската Алијанса и НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски”-Битола вечер организираат книжевна средба со Сара Жислер од Швајцарија и промоција на нејзината книга „Малечка”, преведена на македонски јазик од издавачката куќа „Или-Или”.

Промотивниот настан се реализира во соработка со Амбасадата на Швајцарија и Францускиот институт во Скопје, а ќе гостува и Жана Фам Тран, претставник на издавачка куќа од Франција.

Од НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски”-Битола информираат дека книгата е поучна и е посветена на една млада девојка која гневот го преобразува во одисеја. Нежно и низ хумор, оваа патничка што го обиколи светот раскажува за маките од детството, за нејзината одбивност кон униформираноста на општеството, како и за жедта за слобода, преку која ги надминала сопствените стравови.

Книжевната средба со гостинката од Швајцарија ќе се одржи вечер од 18 часот во свечената сала за промоции на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски” во Битола.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top