Кинематографката Елен Лувар добитник на „Златна Камера 300“

elena-luvar-39dwrszr900ofki7gldo1s.png

Француската  кинематограферка Елен Лувар   е  добитникот  на “Златната камера 300“  за филмот „Невидливиот живот на Евридика Гузмао“ на 40 издание на фестивалот  „Браќа Манаки“.  Кинематограферката не беше во Битола, па во нејзино име, наградата ја прими Ерик Готје, минатогодишен лауреат и добар пријател на Лувар

  • Многу сум среќен за неа. Таа е храбра жена, исклучителна кинематограферка која  се бори не само за жените кои се нејзини колешки, туку и за уметноста. Знам дека би била многу среќна, иако не знае дека сум тука и дека ја примам наградата во нејзино име, рече Ерик Готје, кинемтографер.

Кинематограферот  Џинсонг Донг ја доби „Сребрената камера 300“ за кинескиот филм „Езеро на дивите гуски“, а  за филмот „Пирани“ италијанскиот директор на фотографија   Даниеле Циприја доби  „Бронзена камера 300“.   „Златна камера 300“ за животно дело синоќа му беше доделена и  на    Јоргос Арванитис, еден од најзначајните европски кинематографери.  Наградата му ја врачи директорката на фестивалот Гена Теодосиевска, која  се заблагодари на сите кои учествуваа на ова јубилејно издание.

  • Благодарам многу за вашата поддршка, за вашата љубов и за вашата страст кон филсмката уметност, за вашето големо срце и за вашето време. Ќе се обидеме и понатаму да го чуваме духот на Битола, на урбана Битола која го сака филмот и го сака овој фестивал,  рече  Теодосиевска.

Фестивалот   синоќа беше затворено со специјална  проекција на филмот кој ја прикажаува фотграфцка работа на браќата Јанаки и Милтон, насловен  „Манаки – приказна во слики” чиј режисер и кинематографер е Роберт Јанкуловски. Во осумте фестивалски денови на 5 локации низ Битола беа прикажни 128 филмски  наслови, од кои  12 беа во  официјалната конкуренција за наградите Камера 300.

Емилија Мисирлиевска (Телма)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top