Кејт Брнс заедно со сопругот го најави доаѓањето во Македонија

kejt-so-soprugot.jpg

Доскорешната заменик амабсадорка на САД во Грција, деновиве ќе ја преземе својата нова функција – амбасадор на САД во Македонија.Пред доаѓањето упати видео порака заедно со нејзиниот сопруг.

Заедно да ги изодиме патеките кон подобра иднина, порачува новата амбасадорка на САД во земјава, Кејт Мери Брнс во заедничка видео порака со нејзиниот сопруг.

Вели е почестена што ќе ги претставува САД и ќе има можност да работи за зацврствување на врските меѓу двете земји, но и на интеграцијата на земјава во НАТО и Европската Унија.

„Почестена сум што ја имам можноста да ја зацврстам врската помеѓу нашите две земји. Северна Македонија сега е на својот одбран пат кон НАТО и ЕУ. Тимот во Амбасадата на САД во Скопје и јас ќе работиме за да и помогнеме на Северна Македонија на овој пат и да создаваме нови можности за напредок преку нашата соработка и програми за размена, мировниот корпус и мисијата на УСАИД. Сакаме да продолжиме со придонес кон вашата позитивна иднина“, вели американската амбасадорка.

Но, покрај работата во амбасадата, Брнс и нејзиниот сопруг Скот Гејџ во пораката велат со нетрпение очекуваат да ги искусат природните убавини и културното наследство на Македонија.

„Со нетрпение очекуваме да ги посетиме познатите знаменитости на Северна Македонија, да научиме за вашата богата и разновидна културна историја, да планинариме, возиме велосипеди и да ја истражиме вашата прекрасна земја“, вели сопругот на амбасадорката.

Пораката е објавена во пресрет на нејзиното преземање на должност во амбасадата во Скопје во текот на следните неколку дена, откако минатиот месец положи свечена заклетва. Брнс, кој веќе 25 години е дел од американската дипломатија, во Скопје доаѓа од Атина каде ја вршеше функцијата заменик амбасадор. Таа го наследува амбасадорот Џес Бејли, кој од функцијата замина во март годинава.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top