Македонците во сојузната американска држава Њу Џерси големиот македонски национален и верски празник Илинден свечено го одбележаа во Македонскиот православен манастир “Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во Рандолф.
Во Манастирот се отслужи света божествена литургија во помен за загинатите и упокоените Македонци за слободата на Македонија, а потоа се одржа богата културно-уметничка програма со македонски песни и ора.