ИЛИНДЕНСКИ БАЛ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО МЕЛБУРН

melburn.jpg

Во организација на Светскиот Македонски Конгрес Австралија, денес во Мелбурн се одржа Вториот традиционален Илинденски бал.

Во Фераро рисепшан центарот неколку стотини Македонци го одбележаа националниот и верскиот празник на Македонскиот народ Илинден – Денот на македонската државност.

По интонирањето на македонската национална химна “Денес над Македонија се раѓа ново сонце на слободата“, молебен за помене и спомен на сите загинати за слободата на Македонија одржа Неговото Високопреподобие отец Никодим игумен на Македонскиот православен манастир “Свети Отец Прохор Пчински” во Донибрук.

Присутните ги поздрави претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Австралија Горан Котев.

Поздравна телегрема до Илинденскиот бал упати претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров, во која се вели: “Почитувани браќа и сестри Македонци и Македонки, за многу години Илинден и напомош Свети Пророк Илија. Денес е голем ден за Македонскиот народ, за Македонците по род и државјанство, во татковината и во светот. Втори август е Денот на државноста на Македонија! На 2 август 338 година пред нашата ера, Македонците ги поразија Атињаните кај Херонеја. На 2 август 1903 година, Македонците во Крушево ја создадоа првата Македонска Република на Балканот. На 2 август 1944 година, Македонците ја возобновија Македонската држава, на Првото заседание на Анти-фашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија во македонскиот манастир Свети Отец Прохор Пчински, кој Србија дури 1947 година еднострано го анектира. Македонците во Втората Светска Војна се бореа за ослободување и обединување на Македонија! На референдумот од 8 септември 1991 година, Македонците по род и државјанство, речиси 80% од вкупниот број запишани избирачи, гласаа “ЗА СУВЕРНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки. Одлуката на референдумот по Устав е задолжителна за сите, без исклучок! Името на нашата држава се состои само од еден единствен збор – зборот Македонија! На 30 септември 2018 година, речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи не гласаа за членство на Македонија во Европската Унија и НАТО Алијансата, не гласаа за прифаќање на Спогодбата Димитров-Коѕиас! Спогодбата Димитров-Коѕиас не е дел од внатрешниот правен поредок на државата Македонија, бидејќи е во спротивност со домашното и меѓународното право. ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Македонците во светот ги отфрлаат Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година, Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година и Тиранската платформа! Ревизијата на македонската историја по диктат на Атина и Софија претставува реализација на нивните територијални претензии кон Македонскиот народ и Македонија од Балканските војни! Поради тоа бараме крај на комисиите со Атина и Софија за ревизија на македонската историја! Повторуваме за да не се заборави: Пратенците и министрите кои влегоа во авантурата “Северна Македонија“, што претставува геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото, преседан во светската историја на народите и државите, ќе завршат со доживотен затвор во Идризово и конфискација на личниот имот и имотот на семејството дома и во светот! Кога тогаш тоа не им бега! Оваа агонија и насилство врз народот и државата нема да трае долго! Отфрламе заедничко чествување на датуми настани и личности со Бугарија. Илинден е национален празник на Македонскиот народ, Гоце Делчев е Македонец, Илинденското востание е македонско востание! Ние сме Македонци, нашиот јазик е Македонскиот, името на нашата држава е Македонија! Така било, така и ќе остане! Тоа во Библијата е запишано! Повикуваме на семакедонско помирување и обединување, во единствениот Светески Македонски Конгрес како неформален светски парламент на Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет, затоа што во единството е силата за опстанок на нацијата. И никогаш да не заборавиме: Со сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, во сите делови на Македонија, во татковината и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Со Македонија постоиме, без Македонија сите заедно ќе исчезниме! Кажано е, ќе повториме: Никогаш Северна, само Македонија! Never north, only Macedonia! Борбата ќе ја продолжиме до победа! Ви посакуваме пријатна вечера и добро расположение и нека Господ Бог Ве благослови сите Вас, Македонците и Македонија! Да живее, Македонија! – се вели на крајот од поздравната телеграма од претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top