Изложба за жената со дела од колекцијата на НГМ

-амам-на.jpg
Во пресрет на 8 Март, во Чифте амам вечер од 20 часот ќе биде отворена тематска изложба „За неа“ со околу 70 дела инспирирани од жената, кои Националната галерија на Македонија (НГМ) ги има во својата колекција.

Жената како мотив ја има во творештвото на повеќе уметници застапени во збирката на НГМ: Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Димо Тодоровски, Борко Лазески, Петар Мазев…, од помладата генерација: Рубенс Корубин, Ацо Станкоски, Тодорче Атанасов…,  како и во делата на  автори од поранешна Југославија: Влахо Буковац, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ…

-Соочени со темите од историјата на уметноста каде жената е постојано присутна, од предисторијата преку антиката, хуманизмот и ренесансата, па сè до модернизмот и рецентноста, во македонската и регионалната модерна и современа уметност среќаваме сцени каде жената е непресушна инспирација за уметниците. Со почит кон светскиот ден на одбележувањето на борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, на изложбата ќе бидат претставени дела на уметниците низ чија призма на гледање е претставена жената во сета своја убавина како мајка, идеал, борец, инспирација, љубовница, посакување…, соопшти НГМ за изложбата во Чифте амам, која ќе може да се посети до крајот на месецов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top