ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТУРГУТЛУ, ТУРЦИЈА

turgutlu.jpg

Здружението за култура и солидарност на Македонците иселеници во Тургутлу, Измир, одржа изборно собрание за избор на органите на здружението за наредниот мандатен период.

За претседател на здружението е избран Ерџан Оздуман, а за потпретседатели Реџеп Ишлејен и Јусуф Ешман. За претседател на женската секција е избрана Нешлихан Бал’кдере. За секретар е избран Севџан Мави, а за благајник Мустафа Гулеч. За одговорно лице за пререгистрација на здружението е избран Тулај Атагун. Координатор за информирање и за односи со јавноста е избран Ѓокан Оздуман.

За членови на Управниот одбор на Зружението на Македонците иселеници во Тургутлу избрани се: Ерџан Оздуман, Реџеп Ишлејен, Јусуф Ешман, Ѓокан Оздуман, Мехмет Чевик, Керим Армаганџи, Неџмедин Самташ, Екрем Дервент, Мустафа Гулеч, Мустафа Ширин, Икрар Гун, Севџан Мави, Тулај Атагун, Бахрије Џеџелер, Нурџан Карадаш, Адем Једилер, Бирсен Једилер и Нешлихан Бал’кдере.

Светскиот Македонски Конгрес им посакува успешна работа и негување и афирмација на македонскиот јазик, култура, традиции и обичаи во Турција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top