Игор Јосифов на Биенале во Фиренца за 500 години од смртта на Леонардо да Винчи

-да-винчи-696x522.jpg

Македонскиот уметник Игор Јосифов ќе учествува на Биеналето во Фиренца на покана на претседателот на оваа интернационалната изложба, Паскал Целона. Биеналето во Фиренца ќе се одржи од 18 до 27 октомври и годинава чествува 500 години од смртта на Леонардо да Винчи – „Ars et Ingenium – Toward Leonardo’s Legacy of Similitude and Invention“.
Дванаесеттото издание на Биеналето се реализира под покровителство на италијанскиот комитет на УНЕСКО, на италијанското Министерство за култура, регионот Тоскана и општина Фиренца.
– Учесниците и посетителите ќе бидат вклучени во богата програма за уметнички и културни активности со колатерални настани како што се: работилници, конференции и предавања во врска со темата на новото издание, за да ги прослават 500-те години од смртта на Леонардо да Винчи – вели Јосифов.
Покрај учеството во Фиренца, нашиот уметник ќе ја претставувам Македонија и во Темишвар, Романија на „Консуларт“ во организација на „Дипломатик арт“ што ќе се одржува од септември.
– Мојата изложба ќе биде изложена во почесниот конзулат на Македонија во Темишвар. Зградата е изградена е во 1716 година и му припаѓала на гувернерот на Банат, Клавдиј Флоримунд Мерси (1666-1734), кој се преселил таму во 1720 година бидејќи била единствената зграда од тоа време која имала балкон – појаснува Јосифов за изложувањето во Темишвар.
Неделава тој реализира и самостојна во Музејот во Неготино која беше отворена вчера.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top