Ивана Здравкова триумфираше на натпреварот „Хајдн“ во Австрија

.jpg

Македонската оперска пејачка Ивана Здравкова вчера ја освои наградата за најдобра изведба на арија на натпреварот „Хајдн“, во регионот Хајдн во Австрија, одржан директно во куќата на познатиот композитор.

Натпреварот се одвиваше во три етапи, се изведуваа по 7 песни и 5 арии од класичарите Моцарт, Бетовен и Хајдн.

Ова е огромно признание за еден оперски уметник, посебно поради фактот дека наградата е доделена на најавтетичното место, родната куќа и реон каде Хајдн живеел и каде сите кандидати од целиот свет имаа можност да се претстават и да покажат кој најдобро ќе го изведе овој типичен стил, затоа сум горда, што јас како Македонка, која ја претставувам нашата држава во странство, да се закитам со наградата за најдобро изведена арија, изјави Здравкова за „Република“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top