Фахик Весели освои златен медал, а Бојан Костов бронза на 27-мото Медитеранско првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори, кое се одржа во Анталија, Турција.
Весели беше најдобар каратист во категоријата до 67 килограми за каратисти до 21 година, а кадетот Бојан Костов беше трет во категоријата до 52 килограми.
Од вкупно осум наши натпреварувачки, Доан Османи во категоријата до 75 кг (У21) го освои петтото место, на истата позиција во категоријата ката, заврши и јуниорката Владанка Аврамова, како и Јована Манчевска, која исто така беше петта во категоријата ката кадети.