Златна плакета за виното „Кратошија“ на Брзанов во Лондон

.jpg

Виното „Артизан Кратошија“ на Винарија Брзанов се закити со златна плакета на меѓународниот натпревар на вина и алкохолни пијалаци „Women`s Wine & spirit Awards“ во Лондон.

Манифестацијата за избор на најдобри вина и алкохолни пијалаци што секоја година се одржува во организација на лондонскиот „Rоyal Thames Yacht Club“ се издвојува по тоа што оценката при изборот на најдобрите вина ја даваат 100 највлијателни жени во светот на винската индустрија. Тие се дегустатори и судии, но истовремено и набавувачи и дистрибутери на вина и алкохолни пијалаци во Англија.

Кратошијата на Брзанов се најде на манифестацијата на покана од организаторите и беше во конкуренција на над илјада вина ширум светот.

Сортата грозје од кое е направена „Артизан Кратошија“ е автохтона за регионот, а производителот и сопственикот на винаријата Антонио Брзанов, вели дека е таа е „татко“ на сортата вранец.

Првите капки на македонската кратошијата во винаријата Брзанов за прв пат се преточија во вино во 2016 година, за потоа таа да зрее во барикни буриња до годинава кога ја доби и веќе препознатливата етикета со која што ги задоволи високите вински критериуми и вкусовите на Англичанките.

Винаријата Брзанов постои од 2012 година и досега има добиено повеќе домашни и меѓународни признанија. Во моментов Брзанов изработува 17 етикети вина, црвени и бели, од петнасеттина сорти грозје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top