Започна Виена Економскиот Форум! Силна поддршка за Македонија

viena-ekonomski.jpg

На Форумот се обрати еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан кој даде силна порака за присутните бизнис претставници од 21 земја дека Македонија е вистинско место за инвестирање:

Уверен сум дека пред лето Македонија ќе добие препорака за почеток на преговори со Европската Унија, а до крајот на оваа година ќе ги отвориме првите поглавја, 23 и 25 посветени на владеење на правото. Ова треба да биде силен сигнал за инвеститорите. Северна Македонија е земја со образована работна сила, добри услови за бизнис и партнер на  кој може да му се верува“.

„Нашата земја е како бел неиспишан лист и е вистинско место за инвеститорите. Имаме одличен микс на добро услови за влез на странски инвеститори и поддршка на нивните активности“, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев. кој детално ги презентираше програмите за поддршка на странските инвеститори во земјата.

Делегацијата, во која учествуваат вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за финансии Драган Тевдовски, како и министерот за образование и наука Арбер Адеми на формумот, покрај дискусија за можностите за инвестирање во Северна Македонија, ќе остварат и средби со претставници на реномирани австриски компании.
Во Виена, предвидена е средба на премиерот Заев со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top