Заменик шефот на дипломатијата на 40. сесија на Советот за човекови права на ОН

uploads_thumbs_resize_800x420_367495.jpg

Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски ја предводи македонската делегација на 40-та сесија на Советот за човекови права на ОН. Од вкупниот број земји-членки  на ОН, најавено е учество на околу 90 министри за надворешни работи кои во наредните денови ќе дикустираат за состојбата со човековите права во светот.

За време на Советот за човекови права во Женева, Жерновски ќе се сретне со генералниот секретар на  ОН, Антонио Гутереш. Средбата се случува по стапувањето на сила на Преспанскиот договор  и само неколку дена откако Скопје и Атина го известија Гутереш за  промената на уставното име на државата.

На маргините на сесијата, планирано е да се остварат низа други билатерални средби на кои ќе се разговара за внатрешно-политичките состојби во земјата, можностите за продлабочување на билатералните односи и за многу други светски предизвици.

Жерновски ќе има и обраќање пред високите претставници од ОН и земјите членки, а фокусот се очекува да биде ставен на актуелните безбедносни проблеми и нивното влијание врз човековите права, улогата на телата на ОН за подобрување на состојбите со човековите права,  како и на постигнувањата и приоритетите на државата во оваа сфера.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top