„Заедницата на Македонците во Хрватска“ пример за организирано иселеништво: Гостува МКД Илинден од Риека

Rieka-4-670x447.jpg

Од денеска, до понеделник, 24 јуни, во Македонија престојува Македонското културно друштво “Илинедн” од Риека, Република Хрватска.

Првата станица им беа Тетово и Попова Шапка.

Утре, во Скопје, ќе бидат проимени во Агенцијата за иселеништво, ќе го разгледаат градот, со неговите најатрактивни содржини, а потоа , во Галеријата Ко-Ра ќе имаат настап.

Во истата галерија, Гордана Квајо ќе отвори изложба на фотографии.

Во сабота, ќе бидат гости на Радовиш. Попатно ќе го посетат Стоби, а вечерта ќе настапат во НУ Центрот за култура “Ацо Караманоив”.

Во недела, во Струмица ќе го посетат манастирот Вељуса.

Од Струмица ќе отпатуваат за Крушево, а од тамu, преку Демир Хисар, за Битола. Таму ги чекаат познатиот Широк сокак и други знаменитости.

Наредниот ден, во понеделник, пртеку Ресен и покрај Преспанското Езеро, ќе се искачат на Галичица – попатно за Свети Наум.

Во Охрид, ќе го разгледаат Музејот на вода, кај Заливот на коските, потоа најзначајните споменици на македонската историја и култура во старото градско јадро, а пред охриѓани ќе имаат концерт на градскиот плоштад “Свети Климент Охридски”, пред монументот на светите браќа Кирил и Методиј.

За Хрватска се враќаат во вторник, 25 јуни.

“Заедницата на Македонците во Хрватска” е една од нај организираните. Постои веќе 3 децении, а во својот соастав, покрај Илинден од Риека, ги има уште и македонските културни друштва Охридски Бисер во Загреб, Браќа Миладиновци во Осиек, Македонија во Сплит, Биљана во Задар и Свети Кирил и Методиј во Пула.

Секоја година, традиционално, го прославуваат Националниот празник Илинден, имаат низа манифестации, како “Рацинов ден”, “Денови на Браќата Миладимнови”, “Денови на Кирил и Методиј”, “Ден на Глаголашите”, “Денови на македонската култура”, “Денови на македонскиот филм” и слично.

Организираат разни тробини, изложби и промоции. Имаат Летен камп-училиште за македонски јазик со работилници, во Рогача на Шолта, потоа во Луши и Бродарица кај Шибеник.

Во Загреб и Риека имаат дополнителна настава за македонски јазик и култура во основно образование, како и работилница за негување на македонскиот јазик за возрасни.

Средства за работа добиваат преку Советот за национални малцинства на Република Хрватска, а имаат донации и оде жупаниите.

На јавниот сервис ХТВ, нивната работа се проследува во програмнната за малцинствата “Призма”, како и на радио станици, дсневен печат и елкектронски медиуми..

Имаат и свој месечник “Македонски глас”, чиј главен и одговорен уредник е Милена Георгиевска.

Веле Митаноски

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top