Заев: Членство во ЕУ меѓу 2025 и 2030 година?!

zaev1.jpg

Македонскиот премиер Зоран Заев и шефот на дипломатијата Никола Димитров во интервјуа за два германски весника ја потенцираат важноста на добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ оваа година

Интервјуа со водечките македонски политичари денеска осамнаа во германскиот печат, додека Франкфуртер алгемајне цајтунг објавува и репортажа од гостувањето на премиерот Зоран Заев на дебатата во австрискиот Вахау за време на викендот.

Во пресрет на утрешниот (18.06) состанок на ЕУ министрите за надворешни работи, весникот Ханделсблат го пренесува оптимизмот на премиерот Заев дека неговата земја ќе добие позитивна одлука.
„Очекувам позитивни и јасни заклучоци кои ќе утврдат дека годинава ќе ги започнеме преговорите за членство и со тоа ќе добиеме една дополнителна мотивација за реформскиот процес во Северна Македонија“, вели Заев за Ханделсблат.

Што се однесува до оптимистичкото сценарио за иден влез во ЕУ, Заев вели дека тоа ќе зависи од обете страни.

„Во 2025 или 2030 да станеме членки на ЕУ. Не знам. Прашање е кога ние ќе бидеме подготвени за Европа, и кога Европа ќе биде подготвена за нас. Обете страни се важни. Најважно е дека реформите на тој пат ќе бидат од корист за земјата.“
Заев и во разговорот потврдува дека средбата со канцеларката Ангела Меркел во Берлин, минатата недела, за него била „охрабрувачка“.

„Канцеларката за мене е охрабрување. Но разбирам дека одлуката за почеток на пристапните преговори е во рацете на Бундестагот. Почетокот на преговорите со Северна Македонија ќе биде дополнителна мотивација за Србија и Косово да ги продолжат преговорите за надминување на спорот. Национализмот и популизмот, не само во мојата земја, туку и во целиот регион, можат повторно да избувнат“, вели македонскиот премиер.

За влијанието на ЕУ перспективата врз земјите од регионот, Заев говорел и на дебатата во австрискиот Вахау, од каде Франкфуртер алгемајне цајтунг донесува поширока репортажа.

„Пред еден месец германската канцеларка го прашала (Зоран Заев, н.з.) за совет како да се придвижат преговорите меѓу српскиот и косовскиот претседател Александар Вучиќ и Хашим Тачи. ‘Јас реков, не нудете пари или слично. Понудете ја Европа’“, рекол Заев во Вахау, според ФАЦ.

И шефот на дипломатијата Никола Димитров во интервју за Тагесшпигел предупредува дека доколку ЕУ не си ги одржи ветувањата кон балканските земји, се заканува враќање на националистичките сили.

Дојче веле

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top