Заев повика на лидерска средба и е против одржување на предвремени избори

ZA.jpg

Премиерот Зоран Заев денеска повика на одржување на лидерска средба в петок во 15 часот во Клубот на пратениците на која ќе стане збор за три теми, односно нов изборен законик, законот за јавно обвинителство и попис на населението. Поканата е упатена до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети и на Алијансата за Албанците Зијадин Села.

„Искрената и чесна посветеност на овие теми ќе ги заокружи европските аспирации до добивањето датум за преговорите. Нема да дадеме на никој аргумент да биде против и резервиран“, рече Заев.

Во однос на барањето на опозицијата Заев рече дека тие се подготвени за предвремени парламентарни избори, но предност треба да има евроинтеграцијата и економијата.

Заев истакна дека тој е на став оти треба да одат на редовни избори кои би се одржале најрано октомври, 2020 година. Тој додаде и дека релациите со ДУИ се одлични и оти верува дека ќе постигнеме консензус во наредните денови за најавената реконструкција.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top