Заев на средба со Џонсон: Односите меѓу двете земји се зајакнуваат

Zaev_POK_Johnson_sredba-1.jpg

Обединетото Кралство целосно ја поддржува Република Северна Македонија, а земјата со спроведувањето на реформите во согласност со вредностите на НАТО и ЕУ, целосно го заслужува своето место во евро-атлантските демократски сојузи, беше речено на средбата меѓу претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев, и премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, што се одржа во Лондон за време на Состанокот на лидерите на НАТО.

Премиерот Заев на средбата нагласи дека Северна Македонија нема алтернатива за овие процеси и дека во изминатите две години беше фокусирана на исполнување на сите неопходни услови за да покаже дека е подготвена за полноправно членство во НАТО и ЕУ.

На средбата двајцата премиери ја истакнаа определбата за долгорочно зајакнување на односите меѓу двете земји како потврда за меѓусебното блиско пријателство и заемна поддршка, сега и во рамки на сојузништвото во алијансата.

Премиерите Заев и Џонсон ја издвоија заедничката посветеност за продлабочување на економските и трговските односи меѓу двете земји, како и на поддршката за развој и унапредување на регионалната соработка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top