Заев и Рама: Дајте датум за преговори за пристапување или ќе се соочите со националисти

zaev-i-rama.jpg

Националистичките сили ќе зајакнат на Балканот ако Албанија и Северна Македонија не добијат зелено светло за старт на преговорите со Европската унија до есента, порачаа премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Зоран Заев за британски Фајненшл тајмс.

Како што пишува тој медиум, премиерите на двете земји ги предупредиле министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на „можни последици“ по одложувањето на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ за есента.

-Не ни треба нов радикализам, национализам и популизам во нашата земја-кажал премиерот Заев, додавајќи дека не е важно „дали ќе добиеме одлука за почеток на преговори од Европскиот совет во јуни или октомври“, но, истакнува дека „ако тоа е октомври , нека биде конечно“.

Албанскиот премиер Еди Рама изјавил дека, ако регионот на Балканот не е целосно интегриран, тоа би можело да и наштети на ЕУ.

„Западен Балкан е како орган на тело кое се влече и крвари. Не е можно да се држи вака, може да дојде до зараза што би било опасно за цел организам“-рекол Рама.

Фајненшал тајмс, исто така, наведува дека Северна Македонија минатата година го решила повеќегодишниот спор со Грција во врска со уставното име на земјата и дека, по потпишувањето на договорот пред референдумот минатиот јуни, лидерите на ЕУ ветија дека „ќе го постават патот кон отворање преговори за (македонско) пристапување во јуни 2019 година”.

Весникот наведува дека Европската комисија (ЕК) дава позитивни препораки за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија веќе 15 години, додека во случајот со Албанија препораките на Комисијата за преговори се повторуваат од 2014 година.

Минатата недела холандскиот парламент гласаше за одвојување на процесот на пристапување на Северна Македонија и Албанија, додека холандските пратеници гласаа за укинување на безвизниот режим за албанските државјани кои патуваат во ЕУ.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top