Услови за фер и кредибилни претседателски избори, реформските закони клучни за датумот за преговори со ЕУ, а меѓу нив и законот за статусот на СЈО, клучни точки на вчерашната лидерска средба Заев- Мицкоски во владата.
Опозицискиот лидер Мицкоски изјави дека на средбата размениле аргументи околу политичките околности кои треба да влијаат на релаксирање на претседателските избори со цел да има кредибилни и фер избори, за кои тој рече дека е убеден оти Силјановска ќе победи.
Сепак Мицкоски не беше дециден дали ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка на новиот закон за статусот на СЈО.
Премиерот Заев изрази задоволство што продолжува дијалогот за реформските закони. „Кандидатот на власта Пендаровски е фаворит на изборите, и затоа ќе направиме се изборите да бидат кристално чисти“, изјави Заев. Тој рече дека и процесот на помирување треба да продолжи. „Верувам дека ќе обезбедиме двотретинско мнозинство за законот за јавното обвинителство и за реформските закони, па дури и консензус“, истакна Заев.
Заев изјави дека не средбата не било отворено прашањето за предвремени парламентарни избори.