Заев: Дојче веле на македонски е еден од најкредибилните извори на информирање

48675668_401.jpg

Македонскиот премиер Зоран Заев по повод 50-годишнината од постоењето на Дојче веле на македонски го потенцираше значењето што медиумот го има за информирањето и промовирањето на демократските вредности.

„Дојче Веле, со својата Програма на македонски јазик, продолжува да биде мост на соработка меѓу Северна Македонија и Германија, да ги поддржува демократските процеси во Северна Македонија и да биде промотор на заемните интереси за интеграција на двете земји во евроатлантските структури“, истакна денеска премиерот Зоран Заев на средбата во Владата со делегација на Дојче веле, по повод 50-годишнината од постоењето на ДВ на македонски.

Според премиерот, Дојче веле има „огромен придонес во информирањето на граѓаните“ на земјата, како „еден од најкредибилните извори“. Заев нагласи дека ДВ останува и натаму „етаблиран промотор на демократските вредности“.

По повод јубилејот на Дојче веле, Претседателот на Владата на РСМ Заев на главната уредничка на програмата за Европа, Аделхајд Фајлке и на уредникот на ДВ на македонски, Борис Георгиевски им подари плакета во знак на благодарност за високото професионално известување за настаните и процесите во земјата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top