Заев: Во Декември ќе почнеме да ги отвораме поглавјата во преговорите со ЕУ

zz-38rrs79g8q0ftuxu3ikq9s.jpg

На Министерскиот совет написмено добивме правно формална гаранција дека не подоцна од октомври ќе добиеме датум за почеток на преговорите. Нема можност да се донесе ваква одлука без сите земји да бидат согласни што значи дека има консензуална одлука, порача денеска премиерот Зоран Заев.

-Заклучокот е сериозна порака и апсолутна гаранција која мене ми беше неопходна, а верувам и на сите граѓани. Разбирам дека имаше избори за Европскиот парламент и дека на секој Парламент му е потребно соодветно време за доставување материјали за да ги разгледаат и да донесат одлука. Го разбирам Бундестагот и другитте парламенти за оваа работа, но важно беше да добиеме заклучок кој е сериозна гаранција за сите нас. Верувам дека утре или задутре ќе биде потврден и од Европскиот совет и октомври да биде октомври, рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој посочи дека сите позитивно се изјасниле за Република Северна Македонија, имаме безусловена препорака, 100-процентно блескав извештај, целосно завршување на таргетот за реформите што го добивме, реализирани се Преспанскиот договор, Договорот за добрососедство со Бугарија,….

-Нашите очекувања се до декември да се отворат поглавјата и да почнат преговорите со ЕУ. Подобра гаранција за нас ќе беше доколку датумот се случеше во јуни, но ваквиот заклучок гарантира дека тоа ќе се случи во октомври и верувам дека тоа е порака за сите нас сериозно да работиме и да продолжиме со реформите за унапредување на севкупните перформанси на нашата земја, рече Заев.

Посочи дека донесувањето на Законот за Јавно обвинителство не се става како услов од ЕУ, но додаде дека оттаму ни порачуваат дека е добро за државата да го донесеме. -Апелирам да се донесе законот. Верувам дека ќе се направи обид во текот на летото Парлементот да донесе позитивна одлука. Стојам на располагање да ги продолжам процесите на разговори, рече Заев.

Според него, доколку паралментите на сите земји-членки на НАТО стигнат до декември со ратификацијата на приоистапниот протокол и регистрирањето во Вашингтон ќе следи историска година за земјава, бидејќи ќе се исполнат двете стратешки цели – полноправно членство во НАТО и добивање датум за преговори со ЕУ после чекање од 15 години.

Според извори од Владата, ниту една држава не изразила сомнеж дека РСМ ги исполнила сите задачи. Холандија изразила очекување да се донесе Законот за Јавно обвинителство, но без негативен став и со согласност за почеток на преговорите годинава. Најмногу за нас се „бореле“ Грција, Австрија, Словенија, Словачка, Луксембург, Унгарија, Романија, Малта, балтичките држави и Хан. Бугарија била крајно позитивна, Франција воздржана со барање на повеќе време за одлука за двете држави. На крајот, заклучокот е донесен со консензус, сите се ЗА позитивна одлука во октомври и почеток на преговорите до крајот на годината. Сите држави се согласиле да го дополнат заклучокот со посебно признание за Договорот од Преспа и за Договорот за добрососедство со Бугарија и ги поздравиле и потврдиле резултатите од реформите. Сите се обврзале да се донесе јасна и суштинска одлука во октомври.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top