Едногласна поддршка за Стево Пендаровски за претседателски кандидат

DSC_5448-777x437.jpg

Сите 712 присутни кандидати на денешниот конгрес на СДСМ го поддржаа Стево Пендаровски да биде кандидат на најголемата владејачка партија и коалицијата на претседателските избори што ќе с еодржат на 21 април.

Претседателот напартијата Зоран Заев рече дека од вкупно 738 делегати, присуствувале 712, и сите му дале поддршка на Пендаровски, без ниту еден глас против или воздржан.

-За мене претставува огромна чест што сум поддржан од 31 партија од сите етнички заедници, но и на многу наши граѓани кои не се членови на политички партии. Посебна благодарност до оваа политичка структура и до лично до премиерот Заев кои направија политички потег без прасдан и по 5 години му овозможија повторно да влезам во трката за претседатател откако во 2014 бевме предмет на брутален изброен инженеринг, рече Пендаровски во обраќањето пред делегатите, кои го поздравија и го испратија со бурен аплауз, овации и скандидарања.

-Јавно да им се заблагодарам на сите останати кандиати кои се презентираа себе си максимално достоинствено и без да го разнишаат ни за милиметар политичкиот проект за кој се бориме со години – и Радмила и Оливер и Никола се прво мои пријатели, а потоа соборци за истата кауза. Убеден сум апсолутно дека тоа и ќе остане така и кога никој од нас нема да биде во политиката, рече Пендаровски обраќајќи се до тројцата кои постојано се споменуваа покрај него, како можни претседателски кандидати.

Пендаровски уште рече дека првпат во незвисона Македонија застанува и три политички партии од етничките Албанци кои се дел од владата, додека оние од опозицијата, иако ќе одат со свј кандидат, немаат никаков приговор за неговите ставови за меѓуетничките односи, како и за местото иил улогата на Албанците кои мора да ја имаат во заедничката држава.

-Заедно сме поминале низ сите изборни голготи од 2011 кога дојдовме блиску до рушење на дикататурата. Некои од нас се поколебаа, некои се продадоа. Во 2014 изглеговме првпат против дикаттурата со платфрма која требаше да ги обедини сите политички партии и тогаш исто така за првпат нашите сограѓани Албанци гласаа во поголем број за кандидат етнички Македонец. Тоа го заокруживме во 2016 со концептот Едно општество за сите што беше уникатна стратегија која не е забележана никаде досега на Балканот ниту во ЈИЕ по падот на комунизмот. По сите параметри, оваа генерација на македонски политичари на чело со Заев веќе направи чудо со тоа што го урна режимот на избори и што постигна договор со Грција на достоинствена основа со целосна заштита на нашиот идентитет. На страна политичката пропаганда или опозициската реторика, тие две достигнувања, со рационални аргументи не можат да ги оспорат ниту нашите најжестоки критичари. Овие луѓе и ништо друго да не направат во своите политички кариери , а ќе направат, само овие две работи им се доволни за историјата да ги памети и да ги постави на нејзините светли страници, рече Пендаровски.

-Посакувам со наш заеднички ангагжман во наредните месеци да создадеме уште една таква вест, која сите искрени борци за слобода и демократија, не само овде, туку пошироко – во регионот и Европа, ја очекуваат со нетрпение, рече Пендаровски, заблагодарувајќи се за довербата и со повик сите заедно да се вложат, како што рече, „за Македонија – за Македонија да биде на сите“.

Заев, затворајќи го Конгресот, рече дека 5 мај очекува сите да го поздрават новиот претседатл на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top