Една од најпопуларните јапонски музички куќи го издаде новиот албум на Четкар

Tower_Shibuya1.jpg

Пи-Вајн (P-Vine), една од најпопуларните јапонски музички куќи со светско реноме која е прочуена по квалитетот на своите изданија низ аудофилите ширум светот, оваа недела го издаде новиот студиски албум на Владимир Четкар насловен како Going Home.

Вистински раритет е што албумот кој е дистрибуиран насекаде во Јапонија е фаворит број еден во најголемите музички продавници во центарот на Токио (Шинџуку и Шибуја) и е претставен во секцијата на интернационални прекуокеански артисти рамо до рамо со некои од најкомерцијалните музички ѕвезди како Ариана Гранде и Џастин Бибер.

Овие изминати неколку недели музиката на Четкар ужива огромен респект од јапонските медиуми и активна радио подршка од сите поголеми национални и локални радио станици.

Масахару Јошиока кој е еден од квинтесенцијалните јапонски музички критичари за новиот албум на Четкар изјави дека е неверојатно ремек делo.

Албумот Going Home е комплетно авторско дело на Четкар каде како и во предходните два албума Heavenly и We Will Never End и тука се потпиша како продуцент, композитор, аранжер, оркестратор, гитарист, вокалист и текстописец.

(Макфакс)

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top