Европски фондови за филмската и телевизиската индустрија во земјава

alme2y93bylphqmd4rw4.jpg

Во рамки на ревијата на македонски филмови „Златна Рамка“, вчера во фоајето на кино „Фросина“ беа презентирани можностите кои за аудиовизуелниот сектор ги нуди „МЕДИА“ – потпрограмата на „Креативна Европа“ на ЕУ, а утре ќе се одржи тркалезна маса „Нема успешна кинематографија без филмска критика!“. Денешниот настан, насловен како „Нудиме можности, препознајте и искористете!“ го организираше „Креативна европа – МЕДИА деск Македонија“ со цел продуцентите од филмската и од телевизиската индустрија во земјава да се запознаат со начините за тоа како да се дојде до европските фондови и за тековните повици за аплицирање. До сега пари од овој фонд биле искористени за многу филмови меѓу кои и за филмот „Господ постои, името и е Петрунија“ – филм на кој македонската премиера му е закажана за 15-ти март во киното „Милениум“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top