Д-р Балевски од Охрид во Виена трчаше полумаратон, го посвети на пациентите со ретки болести

34433-670x445.jpg

Вчера, во Виена, Австрија се трчаше 36-тиот полумаратон на кој учествуваа над 50.000 спортисти од целиот свет.

Д-р Ристе Балевски од Охрид успеа да истрча 21 км, а својот успех го посвети на пациентите со ретки болести.

Здружението „Живот со предизвици“ веќе подолг период наназад е вистински промотор и се залага за правата на лицата со ретки болести. Во текот на месец февруари со поддршка на Супер радио се подготви комплетна Тв, радио и интернет кампања „Ги запознаваме ретките болести“ која се емитуваше на ниво на целата држава во насока на што е можно поблиско запознавање на јавноста со ретките болести во Република Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top