Друштвото на писатели на Македонија распиша Конкурс за наградата „Даница Ручигај”

dpm.jpg

Друштвото на писатели на Македонија распишува Конкурс за доделување на наградата „Даница Ручигај“ за најдобра поетска книга од жена-писател, член на ДПМ, објавена во периодот од мај 2018 до крај на октомври годинава.

Како што соопштија од ДПМ, книгите во еден примерок треба да се достават во просториите на Друштвото најдоцна до 10 ноември 2019 година, секој работен ден меѓу 9 и 12 часот, или по пошта, на адреса: ДПМ, ул. „Максим Горки“, бр.18, 1000 Скопје.

Изборот ќе го изврши писател-селектор, а ќе го потврди претседателството на асоцијацијата. Наградата се состои од плакета и ќе биде врачена на посебна свеченост во Друштвото на писатели на Македонија.

Со оваа награда се поттикнува поетското творештво на жените-писатели и се возобновува споменот на македонска поетеса Даница Ручигај, која трагично го загуби животот во скопскиот земјотрес на 29-годишна возраст.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top