Доставен предлогот за реконструкција на Владата

.jpg

Премиерот Зоран Заев вчера го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата и го достави до претседателот на Собранието Талат Џафери.

Тој пред Собранието ќе го предложи за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, кој доаѓа од самото министерство и е дел од тимот на досегашниот министер Љупчо Николовски.

За министер за животна средина и просторно планирање ќе биде предложен Насер Нуредини кој ќе го замени Садула Дураки. А Дураки, пак, ќе биде предложен за министер за политички систем и односи меѓу заедниците. За министер за култура е предложен Хусни Исмаили како замена за Асаф Адеми. Потоа, за министер за локална самоуправа е предложен Горан Милевски заменувајќи го Сухејл Фазлиу.

Премиерот Заев во изјавата за медиумите информираше дека обврските на министер за финансии од досегашниот министер Драган Тевдовски ги презема тој, и оваа функција ќе ја извршува во определен период заедно со функцијата Претседател на Владата.

Во изјавата за медиумите, премиерот Заев им се заблагодари на досегашните министри за својата работа. Со предложената реконструкција, новиот состав на Владата ќе брои едно министерско место помалку.

Тој информираше дека во текот на следната недела ќе бидат соопштени и останатите кадровски решенија во институциите на извршната власт за да заврши процесот до крајот на овој месец.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top