Донација во книги за Рускиот центар при УКИМ Донација во книги за Рускиот центар при УКИМ

knigi_007-678x356.jpg
Донација во книги денеска ќе биде предадена на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Како што соопштија од Руската амбасада, книгите се донација од Домот на руското зарубежје „А.Солженицин” од Москва, а на настанот предавање ќе одржи познатиот руски писател и ректор на Литературниот институт „А.М.Горки“, професор Алексеј Варламов. Најавени се обраќања и на рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, на Татјана Јуревна Иринархова од Домот на руското зарубежје, на Гордана Јосифова Неделковска проректор за меѓународна соработка при УКИМ и на Велимир Стојковски, директор на Рускиот центар.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top