Денеска е клучниот ден на самитот. Во завршната декларација предвидено е во посебен параграф да се забележи дека Македнија е добредојдена како 30 членка на НАТО.
Останува уште ратификацијата на протоколот од страна на Шпанија за на крај тоа да го стори и македонското Собрание.
Вчера Заев со неговата сопруга Зорица беа гости и на вечерата што ја приреди премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, во неговата резиденција во центарот на Лондон. Синоќа тој присуствуваше и на прием кај кралицата Елизабета втора во Бакингемската палата.