Димитров и Поповски на Меѓународната конференција за слобода на медиумите во Лондон

mediumi-777x437.jpg

Делегацијата на Владата предводена од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, на покана на Владата на Обединетото Кралство, на 10 и 11 јули 2019 година ќе престојува во работна посета на Лондон.

Министрите Димитров и Поповски ќе учествуваат на дводневната Меѓународна конференција за слобода на медиумите, којашто за првпат во коорганизација на Обединетото Кралство и Канада оваа година се одржува во Лондон, а следната година ќе се одржи во Канада.

Шефот на делегацијата, МНР Димитров, ќе биде дел од панелот „Слободата на медиумите во Западниот Балкан и нови начини на работа“. На вториот ден од конференцијата министерот Димитров ќе биде говорник на панел-дискусијата „Што можат да сторат владите за да ја зголемат медиумската одржливост?“.

Министерот Димитров ќе учествува и на пленарни сесии и работна вечера во организација на домаќинот и коорганизаторот на конференцијата, односно со министрите за надворешни работи на Обединетото Кралство и на Канада, Џереми Хант и Кристија Фриланд.

Министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, пак, ќе има свое обраќање во рамките на Националните изјави, а ќе учествува и на тркалезна маса: „Кампања за слобода на медиумите: кон 2020 – одржување на влијанието“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top