ДИК ќе предложи законски измени

dik12.jpg

Изборниот закон наскоро може да прерпи измени по барање на Државната изборна комисија. ДИК до крајот на месецов ќе ги конкретизира одредбите кои сметаат дека треба да се преиспитаат од Министерството за правда. Гласањето на дијаспората кој е означена како проблематично при секои избори, ќе биде една од измените кои ќе се бараат.

„Проблематично беше гласањето на дијаспората и како што знаете откако потрошивме многу пари од Буџетот, некаде околу 450 илјади евра и од 1.800 пријавени гласале само 700. Ќе видиме во иднина да направиме измени, дијаспората да може да гласа преку мејл или со помош на друга технологија“, изјави Енвер Салихи, член на ДИК.

Ажурирањето на Избирачкиот список според ДИК треба да се направи и пред вториот изборен круг, бидејќи со актуелните ограничувања, им се негира правото на глас на лицата кои не се пријавени во периодот ја јавниот увид или кои во меѓувреме наполниле 18 години.

„Сите лица кои не се на списокот во вториот круг, да има некој рок за регистрација на избирачите до некој близок датум пред изборите за да можат сите граѓани да го искористуваат правото на глас“, рече Енвер Салихи, член на ДИК.

Меѓу барањата за измени се очекува да биде и предлогот за измена на изборниот модел и преминување на една изборна единица.

„Се надеваме дека и ова ќе го имаме како нов предлог, но останува да видиме дали парламентарните политички партии ќе ги прифатат нашите барања. Ништо не зависи од ДИК.  Ние и во минатото сме предложиле законски измени, но се зависи од волјата на Собранието и на пратениците“, вели Енвер Салихи, член на ДИК.

Изборниот закон треба да дефинира дека освен учесниците од власта и опозицијата, на претседателските избори да има и независни кандидати. ДИК бара да се измени и одредбата за финансирање на изборната кампања и начинот на селекција и третман на членовите на избирачките тела. Во иднина ќе се разгледа и можноста на електронско гласање. Институцијата за организирање на изборите ќе бара да се стави крај и на праксата на измени на Изборниот закон при секој изборен циклус, нешто што предизвикува проблеми во спроведувањето и прилагодувањето.

Фатлуме Дервиши

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top