Денови на македонската поезија по 29-ти пат во Шведска

makedonija-shvedska.jpg

Во саботата, во Гетеборг, се одржа традиционалната културна манифестација „Ден на македонската поезија во Шведска“. Годинава, беше промовиран поетскиот зборник „Калемење на светлината“ кој содржи песни од членовите на поетското друштво „Дениција“ со седиште во Гетеборг. Станува збор за двојазично македонско-шведско издание, објавено неодамна со поддршка на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, а издавач е „Златно перо“ од Битола.

На поетското читање настапија дваесетина поети, а меѓу учесниците во програмата, освен авторите по потекло од Северна Македонија кои живеат во Шведска, настапија и повеќемина поети од други националности, меѓу кои и неколку членови на Писателскиот центар во Западна Шведска.

Идната година, Деновите на македонската поезија во Шведска ќе го прослави својот тридеценски јубилеј, како единствена поетска манифестација од ваков вид во редовите на македонската дијаспора во овој дел на Европа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top