Денови на македонската литература за деца во Софија Денови на македонската литература за деца во Софија

.jpg
Книги за најмладите објавени во изминатите три години ќе бидат претставени на Деновите на македонската литература за деца кои ќе бидат отворени вечер од 18 часот во македонскиот Културно-информативен центар во Софија.
Настанот е инициран од издавачката куќа „Едука Мак“, специјализирана за литература за деца. Поканети се автори на публикации и на илустрации, автори во списанието „Супер Смешка“ и наградени автори на фестивалот на поезија за деца „Стихувалки 2018“.
– Преку Деновите на македонската литература за деца се афирмира домашното литературно творештво и придонесува за збогатување на културната размена меѓу Македонија и Бугарија, соопшти македонскиот КИЦ во Софија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top