На глобално ниво денеска се одбележува Меѓународникот ден на жената – 8 Март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.
Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум.
Следната година, на 19 март 1911, овој празник првпат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8 март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.