Дебата за иновациите и загадувањето на воздухот на самитот „Македонија 2025“

mak-2025.jpg

Осмото издание на Самитот „Македонија 2025“ денеска продолжува со панел-дискусии за иновациите и нивното влијание врз животната средина, загадувањето на воздухот, нивото на јавните политики за овој проблем, искуствата на компаниите.

На агендата на вториот ден од Самитот е и панел-дискусија за можностите за финансирање мали и средни претпријатија, предвидени се и Б2Б-средби, како и претставување успешни Македонци во светската бизнис-елита.

На првиот официјален ден од 8. самит „Македонија 2025“ беше истакнато значењето на организацијата како платформа за нови партнерства, соработка и за поддршка на домашните компании.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top