Два медали и петто место за нашите таеквондо репрезентативци

53238305_1545347408932202_4496241085672062976_n-960x720.jpg

Злато, бронза и едно петто место за нашите репрезентативци од ТК Бутел и ТК Тигри на ЕП во Грција.

Македонските клубови се враќаат со два медала од европското клупско првенство во таеквондо, кое изминатиот викенд се одржа во Солун, Грција. Филип Додевски освои злато, додека бронзен медал освои Дејан Георгиевски, и двајцата членови на ТК „Бутел“.

Македонската таеквондо репрезентативка Милјана Рељиќ (-68 кг) го освои петото место во јуниорска конкуренција. Рељиќ, која е инаку натпреварувчка од ТК „Тигри“ од Скопје обезбеди победа над Перистергијану од Грција , па во втората борба беше поразена од  Пијагет од Шпанија со што не успеа да се пласира во полуфиналето.

Шпанката стана европски првак, а Рељиќ мораше да се задоволи со 5. место.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top