Двајца лауреати на Манаки

jorgos_arvanitis_01-678x381.jpg

Со мотото „Првите 40“ ќе се одбележи 40 годишниот јубилеј на најстариот филмски фестивал на нашата територија ИФФК „Браќа Манаки“. Како што денес беше објавено на пресконференцијата за претстојното издание ќе има двајца добитници на наградата „Златна камера 300“ едната награда ќе биде доделена на отворањето, а другата на затворањето на фестивалот, а ќе ги добијат киноматограферите Едвард Лакман и Јоргос Арвантис.

Лауреатот на наградата за животно дело „Златна камера 300“ која му припадна на француско-грчкиот великан, Јогос Арванитис е еден од најважните европски директори на фотографијата, на сите времиња чија работа ги обликувала филмските визии на генерации кинематографи од целиот свет, истакна Теодосиевска и додаде дека во текот на неговата шест децениска кариера тој осветлил и обликувал слики со исклучителна убавина во повеќе од стотина играни филмови насекаде низ Европа и Медитеранот.
Оваа година исто така добитник на „Златна камера 300“ за животен опус е и водечкиот американски и светски кинематографер Едвард Лакман.

Како што вели уметничкиот директор на фестивалот, Благоја Куновски- Доре, цитирајќи изјава од Арванитис „Во добар филм ако работата на кинематограферот не е добра, филмот останува добар, а во лош филм ако работата на кинематограферот е добра тогаш филмот останува лош.

ИФФК „Браќа Манаки“ што ќе се одржи од 14 до 21 септември ќе понуди како и секоја година голем избор на филмови од секој жанр, како и мастеркласови со овогодинешните лауреати, каде посетителите и филмофилите ќе имаат прилика од блиску да се запознаат со кинематограферската работа на лауретите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top