Грчки борбени авиони пробно прелетаа над македонското небо

voen-avion-Grchki-Mirage-2000-5-1068x668.jpg

Со два прелета во воздушниот простор на Република Северна Македонија изутринава од 7:30 до 9:30 часот се изврши првиот пробен прелет за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“ (чување на воздушниот простор). Прелетот ќе го извршат воздухоплови на вооружените сили на Република Грција.

Целта на овие летови била да се проверат комуникациите и радарското покривање во македонскиот воздушен простор.

Тие се дел од подготовката и исполнувањето на условите од страна на земјава во делот на авијацијата, како иден полноправен член на НАТО.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top