„Господ постои, името и’ е Петрунија“ со уште една престижна награда

1Film-Gospod-postoi-imeto-e-Petruni-a-640x360.jpg

Филмот „Господ постои, името и’ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска се закити со уште една престижна награда на штотуку завршениот фестивал Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival.

Петрунија ја освои главната награда на фестивалот која има парична вредност од 15,000 евра. Овој фестивал е посветен на женски автори и во главната конуренција се одбираат само 8 филма од целиот свет, кои се натпреваруваат за главната награда.

Овој пат тричленото жири, се одлучи за Петрунија кој очигледно наидува на одличен прием кај германската стручна филмска јавност.

Жирито доделувајќи ја наградата рече: „Oдлучивме да ја доделиме главната награда на овој филм поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и затемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност таа ја осознава својата моќ да ја озобнови солидарноста во борбата против неправдата“.

Теона С. Митевска за да и биде врачена наградата на завршната церемонија допатува од Go East филмскиот фестивал во Визбаден, каде е претседател на интернационалното жири. „Господ постои, името и’ е Петрунија“ на 10 април со голем успех го отвори фестивалот во Визбаден, а следната проекција на 12 Април беше целосно распродадена и се бараше билет повеќе.

Во месец април, како што веќе најавивме „Господ постои, името и’ е Петрунија“ патува на шест фестивали, меѓу кои и Московскиот филмски фестивал, каде еден од најголемите руски дистрибутери Ruscico, кој го откупи филмот за дистрибуција во Русија и Украина, оттаму и ја започнува Руската дистрибуција на Петрунија.

Филмот од страна на фестивалот е најавен како емотовен енергичен манифест на Балканскиот феминизам

Сумирано, фестивали кои ги посети Петрунија за месец април се 37 Festival Cinema d’Alès, France 29 Mart – 7 април; Istanbul film festival 5-16 април; Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival 9-14 април; Go East International Film Festival 10-16 април, каде беше филм за отварање; Crossing Europe Film Festival, Linz, Austria 25-30 април, каде е филм за затварање.

Интернационалниот продажен агент „Пирамид“ кој ги откупи и правата за дистрибуција на француската територија активно се подготвува за киноприкажувањето во Франција, и со големо задоволство соопштуваат дека на 1 мај ја започнуваат дистрибуцијата во 60 кино сали на низ цела Франција, од кои 7 кино сали во Париз.

Петрунија патува и низ цела Македонија, по успешните преставувања во Скопје, Битола, Прилеп, веќе на 20 и 21 април ќе биде прикажан и во градот каде што беше сниман – Штип.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top