Гордан Николов назначен за амбасадор на Форумот на словенските култури

gordan1_0.jpg

Директорот на Музејот на Република Северна Македонија, Гордан Николов, е назначен за амбасадор на Форумот на словенските култури од страна на директорката на Форумот, Андреја Рихтер.

Република Северна Македонија е членка на Форумот од самото негово основање, а Гордан Николов во својство на претставник на нашата држава е член на програмскиот колегиум на Форумот и член на жири комисијата за доделување на наградата „Жива“.

„Николов е назначен за амбасадор на Форумот на словенските култури заради исклучителниот и скапцен придонес за препознатливоста на установата и воспоставувањето на меѓусебни врски меѓу словенските култури“, соопштија од Музејот.

15- годишниот јубилеј на Форумот на словенски култури и отворањето на 31. Меѓународен музички фестивал „Imago Sloveniae“ беше одбележан вчера со голем симфониски концерт во центарот на Љубљана. На свеченоста присуствуваа и амбасадорот на Кралството Холандија, Дерк Јан Наута, Божо Бишкупиќ, поранешниот хрватски министер за култура, Дубравка Ѓуриќ Немец, поранешн помошник министер за култура на Хрватска и Владимир Копцл, познат книжевник од Република Србија, кои исто така беа прогласени за амбасадори на Форумот на словенсите култури.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top