Германската компанија Гересхаимер ќе произведува медицинска опрема во Бунарџик

Gereshaimer-383llkz71wwowyqbgsc1s0.jpg

Германски Гересхаимер ќе гради фабрика во Бунарџик. Инвеститорот е од фармацевтската индустрија и во земјава ќе произведува апликатори за инсулин, инхалатори за астма и слични производи за потребите на медицината. Очекувањата се до крајот на идната година фабриката да започне со работа, а ќе вработи 400 лица.

Премиерот најави дека ова ќе биде една од највредните инвестиции во земјава.

Власта смета дека оваа германска инвестиција е доказ дека земјава нуди подобри услови за странските инвеститори од останатите држави во регионот.

Вицепремиерот уште еднаш повтори дека германскиот автомобилски гигант Фолксваген сè уште ја разгледува можноста да отвори своја фабрика во Југоисточна Европа и компанијата не донела одлука за инвестиција во Србија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top