„Втора Шанса“ го отвори 22. Скопје филм фест

57491803_832699453795921_8787222918309347328_n.jpg

22. издание на Скопје филм фест, вчера беше отворено со премиерата на современата драма „Втора шанса“ на режисерката Марија Џиџева, што е и воедно нејзин прв долгометражен филм.

„Втора Шанса“ е приказна за три жени кои се обидуваат да ја пронајдат смислата на животот и притоа, секоја од нив се соочува со свои демони. Главните улоги ги толкуваат Мирјана Карановиќ, Даниела Ивановска и Наталија Теодосиевска, како и Данчо Чевревски, Денис Абдула и Златко Митрески, кои присуствуваа на денешната проекција.

За време на фестивалот, кој ќе трае до 25 април, ќе се прикажат 58 филмови во кината „Милениум“, „Фросина“ и во Кинотеката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top