Во Прага награден филмот „Ова е нејзината приказна“ на Игор Христов

2-1-696x464.jpg

Прва награда за филмот „Ова е нејзината приказна“ (Тhis is her story) на македонскиот режисер Игор Христов, беше доделена на свечената церемонија на 17. Интернационален филмски фестивал за екстремни спортови „Аутдор филм фестивал“ (Outdoor film festival), кој се одржа во Прага. Филмот беше номиниран во категоријата качување и планинарење, а победи во конкуренција на 1.486 филмови од 102 држави, од кои беа селектирани само 83 во четири категори.

Она што е специфично за овој фестивал е тоа што има патувачки карактер, односно селектираните дела патуват низ поголемите градови во Чешка и Словачка каде имаат посебно премиера во секој град. Филмот „Ова е нејзината приказна“ имаше 11 премиерни проекци низ овие држави.

На церемонијата присиствуваше дел од екипата која работеше на филмот. Освен режисерот Христов, во Прага беше и продуцентката и аплинистка Илина Арсова, како и една од протагонистите Аргиро Папатанасиу.
– На церемонијата во Прага беше потенцирано дека за првпат од 17 години им пристигнува филм од Македонија и дека како организатори се среќни што се зголемува интерсот на државите од Балканот за ваков тип на филмски фестивали. Доживувањето беше прекрасно зашто за филмот ова е прва и многу важна награда во една тешка конкуренција, но на нас како екипа ни е исто толку важно тоа што филмот имаше свои 11 посебни проекци пред различна публика, нешто што не се случува на другите филмски фестивали. Ова е првиот македонски филм од ваков карактер кој е награден. Филмот е направен со скромен буџет, помогнат од неколку различни асоцијации и спонзори. Како екипа се надеваме дека ова ќе биде мотив за што повеке девојки кои се занимават со спорт, да се вклучат во оваа приказна – изјави режисерот Христов.
Ова е прва епизода од поредицата „Ова е нејзината приказна“ фокусирана на балканските женски атлети. Зад идејата стои македонската алпинистка и уметница Илина Арсова. Филмот, во последните осум месеци го живее својот фестивалски живот, а беше официјално селектиран на повеќе филмски фестивали во Европа, Латинска Америка и САД. Беше претставен на три фестивали во Шпанија, во Аргентина, во Лос Ангелес, Чешка и во Бугарија. Три од фестивалите се дел од Светската алијанса на планински филмски фестивали.
Филмот зборува за три женски атлети од Балканот, кои на посебен начин и со женска љубов ја раскажуват својата силна страст кон планинарењето, како и тоа, што значи човек да се наоѓа во дивата природа. Секоја од нив си има поставено висока цел кон која се стреми да ја исполн. Во овој филм ги следиме од блиску нивните падови и возвишувања кој се мешат заедно со уметноста и екстремните спортови. Се работи за Ута Ибрахими од Косово Илина Арсова од Македонија и Аргиро Папатанасиу од Грција. Ова е нивната приказна!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top