Во Осиек ќе се одржи културна манифестација “Ден на Заедницата на Македонците во Република Хрватска“

den-na-makedonska-zaednica-vo-hrvatska-300x212.jpg

Во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска, на 26 октомври 2019 година во 17.30 часот во Домот на Хрватската војска во Осиек, ќе се одржи традиционалната културна манифестација “Ден на Заедницата на Македонците во Република Хрватска“.

На манифестацијата ќе настапат МКД “Илинден“ од Риека, МКД “Билјана“ од Задар, МКД “Македонија“ од Сплит, МКД “Охридски бисер“ од Загреб, МКД “Свети Кирил и Методиј“ од Пула и МКД “Браќа Миладиновци“ од Осиек. Гости на вечерта ќе бидат КУД “Зора“ од Пишкоревци.

Вечерта присутните ќе можат да ја проследат изложбата на списанието “Македонски глас“ и изложбата на етно ракотворби од етно-работилниците на македонските културни друштва.

Покровител на манифестацијата е Советот за националните малцинства на Република Хрватска. Присутните ќе можат да уживаат во богатата културна прогарма на фолклорни групи, пејачи, инструментални состави, рецитации, детски и етно-групи. На културната манифестација поканети се сите добронамерници, Македонци и пријатели на Македонците во Хрватска.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top