Во Малме претставена Националната стратегија за соработка со дијаспората

525139667695510967643179081608132920082432n.jpg

Пред претставници на иселениците во Малме, а во рамките на работната средба на министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми на Шведска, беа презентирани Националната стратегија за соработка со дијаспората (2019-2023) и акцискиот план. .

Во своето излагање Адеми посочи дека во наредниот период Владата и тој како министер задолжен за дијаспората остануваат отворени за соработка со дијаспората. Информираше за важноста на националната стратегија за соработка со дијаспората, документ кој треба да претставува основа на институционално поврзување на државата и дијаспората. По презентацијата беше отворена дискусија и дебата со активно учество на присутните со различни коментари и прашања.

Министерот ги информираше иселениците и за претстојните претседателски избори и како тие ќе може да го користат своето право на глас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top