Во Битола пристигна добитникот на златна „Камера 300“ за животно дело, Јоргос Арванитис

arvanitis.jpg

Синоќа во Битола пристигна вториот лауреaт на 40 –тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки”, Јоргос Арванитис, еден од најважните европски кинематографери на сите времиња, чија работа ги обликувала филмските визии на генерации синеасти од целиот свет.

Според фестивалската програма, денес претпладне во 11:30 часот во малата сала на НУ Центар за култура-Битола, Арванитис ќе одржи мастерклас кој ќе биде отворен за публика.

Од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека наградата златна „Камера 300“ на Јоргос Арвантиитис ќе му биде доделена на затворањето на фестивалот, в сабота на 21 септември.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top