Најавите за економска помош пратена директно од канцеларката на ветената земја се остварија. Волтер Дефа, кој во земјава доаѓа пратен директно од Меркел, ќе има за задача да и помогне на Македонија во економските реформи. Тој е професионалец кој треба да ѝ помогне на македонската влада во обезбедувањето подобар пристап до европските фондови и во спроведувањето на економските политики.
Од Владата неодамна за дел од медиумите открија дека Владата на Германија го испраќа Валтер Дефа и таа го плаќа а, покрај задачата да не начучи како да ги користиме европските фондови, ќе треба да не научи и како да спремаме проекти за да аплицираме во претпристапните ЕУ-фондови и како да ни порасне процентот на реализација на средства од нив.
Задача на Валтер ќе биде и олеснување на контакти со германски фирми кои би можеле да инвестираат во Македонија, како и поедноставен пристап на македонските компании на германскиот пазар.
Валтер Дефа е човек што свири пијано, сака старогрчки и игра голф.
Тој директорувал со два директорати во Европската комисија, на најголемиот, за даноци и царини, а потоа од 2012 до 2016 и на Директоратот за регионална и урбана политика.
Во јуни, од Германија треба да стигне уште еден советник.