Македонското борење по цели 12 години повторно има медал од Европското првенство за сениори. Владимир Егоров во категоријата до 57 кг. успеа да слави во борбата за третото место и стигна до бронзен медал. Тој го совлада Андреј Дуков од Романија, на поени со 7-5.
Последен пат Македонија се израдува на медал од континентално натпреварување во 2007 година.