Владата се сретнала со „лажна дијаспора“

18766_vlada.mk_.jpg

Првиот човек на македонската заедница на Малта Максимилијан Казаков ја обвини владата дека се среќава со партиски војници од странство и манипулира во обид да прикаже ефективна соработка со дијаспората.

Казаков на министерот за дијаспора Едмонд Адеми му поставува низа прашања кои навестуваат дека Владата нешто крие во врска со комуникацијата со дијаспората.

Два дена по поставување на прашањата Адеми, кој според Казаков бил бојкотиран од сите македонски здруженија, министерот не одговара на нив.

“И по којзнае кој пат истиот обид за МАНИПУЛАЦИЈА! Во текстот се вели Владата остварила средба со претставници од дијаспората од одредени држави.

Бидејќи министерот Адеми како и обично од сегде го исшутираа по светот( македонските здруженија) , Форумот за Демократска Македонија кој тој лично го инсталира му пропадна ( влијание 0 меѓу дијаспората) сега решиле да викаат АНОНИМУСИ (партиски ликови) на некаква си средба со цел да покажат дека дијаспората стои позади Владата и демек соработува со нив .
Е сега драг министре Edmond Ademi ( уништувач на дијаспората) ајде одговорете на неколку прашања за да биде сликата по кристална :

-Кои здруженија ги претставуваат луѓето
-Дали здруженијата им се регистрирани во државите од кои доаѓаат или се фиктивни
-Зошто сите здруженија од дијаспората не се информирани за оваа средба
-По кој критериум одлучивте кој ќе биде на оваа средба
-Што имаат направено овие луге за македонската дијаспора ( конкретни резултати)
– Дали директорот на Агенција за иселеништво си спроведува партиска политика иако е одговорен за сите ?!
-Спремни ли сте да излезете со документи од здруженијата на овие “претставници” и доказ дека сите здруженија се уредно поканети ?
Да се разбереме ова не е жалење што ние , дел од дијаспората со ЛЕГАЛНО формирани здруженија не сме биле дел од оваа смешна средба.

Ова е чисто информативно да знае јавноста какви манипулации правите демек некоја дијаспора ве поддржува .
Ова се ваши луѓе ( блиски до СДСМ) за кои ниту некој чул , ниту некој ги знае.
За најдобро да се потврди она што Вие го претставувате , а јас го тврдам е да излезете на #ИЗБОРИ па да видиме кого точно поддржува дијаспората”, пишува Казаков во обраќањето до Адеми.

Пред три дена Адеми објави дека Владата по втор пат се сретнала со дијаспората во владата, поставила темели за соработка и веќе создала традиција.

“Вечерва ја продолживме традицијата која ја почнавме минатата година. Ги отворивме вратите на Владата за дијаспората. Заедно со премиерот Зоран Заев остваривме средба со претставници на дијаспората од Шведска, Италија, Швајцарија, Германија, САД, Турција и Белгија. Оваа влада е и на дијаспората, ова веќе го потврдија и двете страни. Се надевам дека соработката ќе се зацврстува уште повеќе. Ние ги поставивме темелите”, напиша Адеми.

Некои од македонските организации во светот се стари и над 70 години но тие се целосно екскомуницирани од Владата на Зоран Заев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

scroll to top